Австрискиот селектор отстрани тројца репрезентативци поради хомофобија

Австрискиот фудбалски селектор Ралф Рангник отстрани од списокот репрезентативци тројца играчи на виенски Рапид поради хомофобија.

Марко Граул, Гвидо Бургшталер и Никлас Хедл не се најдоа на списокот репрезентативци за претстојните натпревари против Словачка и Турција откако по градското дерби минатиот викенд против Австрија Виена беа снимени како скандираат хомофобични пораки.

„Ова е нешто кое нема да го толерирам во тимот во кој јас сум тренер“, порача Рангник за австриските медиуми.

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед и Лајпциг додаде дека исклучувањето на тројцата играчи не е трајно, оставајќи можност тие да бидат повикани во репрезентацијата за Европското првенство ова лето во Германија.

Back to top button
Close