Бајден: Ќе им се спротивставиме на диктаторите како Путин

Откако неговата дебата со поранешниот американски претседател мина полошо од очекуваното, актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави Џо Бајден се обрати на предизборен митинг во Северна Каролина.

Тука сум во Северна Каролина бидејќи настојувам да победам во ноември. Ако победиме тука, ќе победиме и на изборите“, истакна Бајден.

Американските медиуми оценуваат дека актуелниот претседател подобро се однесувал и владеел со својот говор отколку на дебатата во четвртокот. Поддржувачите го прекинале два пати, но Бајден се држел до својот говор, нешто што не му успеваше на дебатата со Трамп.

„Ќе обезбедиме чиста вода за пиење, пристап до брз интернет, квалитетно образование за секое дете во Америка, ќе ја обезбедиме нашата граница и ќе ја заштитиме легалната имиграција. За разлика од другиот тип (Трамп), ние ќе им се спротивставиме на диктаторите како (рускиот претседател Владимир), бидејќи Америка не му се поклонува на никого“, наведе Бајден.

Back to top button
Close