Бајден го именуваше Томас Најдс за нов американски амбасадор во Израел

– Американскиот претседател Џо Бајден го назначи Томас Најдс за нов американски амбасадор во Израел, два дена по стапувањето на должноста на новата влада во оваа земја.

Најдс е искусен демократ, кој беше висок функционер на Стејт департментот во времето на претседателот Барак Обама и е познат по борбите против обидите за намалување на американските средства за Палестинците.

Назначувањето на Најдс за нов американски амбасадор во Израел допрва треба да биде одобрено од Сенатот.

Back to top button
Close