Бајден го осуди антисемитизмот и свастиката во Стејт департментот

– Американскиот претседател Џо Бајден денеска го осуди антисемитизмот, откако официјални лица соопштија дека е пронајдена свастика врежана на ѕидот на еден лифт во Стејт департментот

– Да бидам јасен: антисемитизмот нема место во Стејт департментот, ниту во мојата администрација, ниту каде било во светот. На сите нас е да не и дадеме на омразата безбедно прибежиште и да се спротивставиме на фанатизмот каде и да го најдеме, напиша Бајден на Твитер.

Портпаролката на Стејт департментот претходно изјави дека свастиката е откриена вчера понеделникот и оти државниот секретар Ентони Блинкен се справил со инцидентот заедно со вработените во тој оддел.

Back to top button
Close