Бајден го отвори Светскиот самит за клима во „опасен момент“ за еколошката рамнотежа

Американскиот претседател Џо Бајден го отвори денеска Светскиот самит за клима, чија цел е да ги охрабри светските лидери да се посветат на поголеми сузбивања на штетните гасови.

– Состанокот во овој момент има повеќе од само заштита на нашата планета, изјави Бајден, зборувајќи преку видео конференција на форумот, на кој учествуваат 40 светски лидери.

– Станува збор за обезбедување подобра иднина за сите нас, додаде американскиот претседател, нарекувајќи го состанокот „момент на опасност, но и можност“.

Тој истакна дека „сигналите се неспорни, научните податоци се неспорни, трошоците за неактивност продолжуваат да растат“.

Неговата нова заложба за намалување на емисиите на штетни гасови во САД за 52 процента до 2030 година го означува враќањето на државата кон глобалните климатски напори по четири години од повлекувањето кое го направи претходниот претседател Доналд Трамп.

Јапонија, голем корисник на јаглен, денеска објави свои нови цели за намалување на јаглеродот од 46 проценти, во услови на желба на САД и нивните сојузници да дадат силен импулс на средбата.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, чија земја е најголем извор на емисии на јаглерод, а потоа следат и САД, не ги спомена споровите кои го правеа неговото учество на самитот неизвесно до вчера, додавајќи дека Кина ќе работи со САД за да ги намали емисиите на штетни гасови.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е заинтересирана да соработува со други земји за решавање на итни глобални прашања, вклучително и климатските промени.

– Би сакал уште еднаш да истакнам дека Русија е искрено заинтересирана за зајакнување на меѓународната соработка со цел да продолжи со потрагата по ефикасни решенија за проблемот со климатските промени… како и за сите други акутни глобални проблеми. изјави Путин. Рускиот лидер истакна дека глобалниот развој „не смее да биде само ‘зелен’, туку и одржлив во целосна смисла на поимот“.

Back to top button
Close