Бајден разговараше со европските сојузници по видео-средбата со Путин

epa09627691 Russian President Vladimir Putin holds talks with US President Joe Biden via videoconference at the Bocharov Ruchei residence in Sochi, Russia, 07 December 2021. EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Американскиот претседател Џо Бајден одржа видеоконференција со европските сојузници по неговата видео средба со неговиот руски колега Владимир Путин, соопшти денеска портпаролот на германската влада.

Бајден доцна синоќа ги информирал за текот на разговори германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Емануел Макрон, италијанскиот премиер Марио Драги и британскиот премиер Борис Џонсон, соопшти Штефен Зајберт, портпарол на Меркел.

Европејците на тој состанок ја подвлекоа „нивната целосна поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, рече Зајберт, пренесува ДПА.

Сите учесници ја истакнаа „потребата Русија да ги намали тензиите и да бара дипломатско решение, вклучително и преку нормандискиот формат за спроведување на договорите од Минск“, додаде тој, мислејќи на мировните напори во Украина со посредство на Франција и Германија.

Бајден и Путин вчера одржаа онлајн средба за да разговараат за украинскиот конфликт, додека двете страни разменуваат обвинувања за воени провокации.

Немаше пробив на самитот, кој требаше да трае неколку часа, но заврши по само два часа.

– Мислам дека оваа ситуација не не задоволува ниту нас, ниту Американците, изјави денеска советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков.

Односите меѓу двете светски сили се причина за загриженост, рече Ушаков, иако двајцата ривали се подготвени да работат на намалување на тензиите.

САД веќе со недели ја обвинуваат Русија дека распоредува војници недалеку од границата со Украина, додека на Запад се зголемуваат стравувањата од можна руска инвазија, наведува ДПА.

Русија ги отфрла тврдењата и ја обвинува Украина дека преселила повеќе од 120.000 војници кон источниот регион Донбас, каде што проруските сепаратисти се борат за контрола од 2014 година

Back to top button
Close