Бабиќ очекува уште еден тежок дуел против Спортинг во ракометната Лига Европа

 

Една недела по дуелот во Лисабон во кој Еурофарм Пелистер испушти победа во самиот финиш (27:27), македонскиот ракометен вицешампион утре во Битола го очекува реванш дуелот против португалскиот противник во рамки на шестото коло од групата Д во Лига Европа.

– Моите играчите во Лисабон дадоа сè од себе и одиграа фантастичен натпревар. Иако го имавме последниот напад и можевме да победиме и тие имаа офанзивен фаул во нивниот претходен обид. Во секој случај, играчите покажаа страшен карактер и фантастично го презентираа клубот, државата и себе си, изјави вечерва за клупскиот сајт тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.

Стратегот на битолскиот тим спроти утрешниот дел со почеток од 20:45 часот посочи дека неговите ракометари мораат да бидат максимално подготвени и на ментален план за да дојдат до потивен исход.

– Сите знаеме дека е тешко да се освојуваат бодови на гостински терен и знаеме колку е добар Спортинг. Што се однесува до вториот натпревар, нè очекува голема борба. Јас дури би рекол една ментална битка, мора да бидеме целосно фокусирани, а исто толку мора да бидеме ментално цврсти и спремни да го чекаме нашиот момент, изјави Бабиќ.

Еурофарм Пелистер е третопласиран на табелата со шест бодови, еден помалку од второпласираниот Спортинг и лидерот Ним.

Back to top button
Close