Бафало може да добие социјалистка за градоначалник 

Индија Волтон може да стане првиот градононачалник-социјалист на голем американски град за повеќе од 60 години.  Кандидатката синоќа победи на прелиминарните избори за демократски градоначалник на Бафало, сојузна држава Њујорк. Таа извојува победа над актуелниот градоначалник кој ја вршел функцијата четврти мандат. 

Според некои американски медиуми, Волтон добила 52 отсто од гласовите, додека актуелниот градоначалник Бајрон Браун добил 45 отсто. 

-Сметам дека победивме бидејќи се организиравме. Ние носиме пораки на љубов, грижа и надеж кои наоѓаат одзив во работничката класа на Бафало, изјави Волтон за телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си. 

Во случај да победа на изборите во ноември, 39-годишната Волтон ќе стане првиот градоначалник-социјалист на голем американски рад од 1960 година, кога Френк Зајдлер ја напушти функцијата во Милвоки. 

Таа има големи шанси за победа бидејќи во Бафало од 1965 година досега немало републикански градоначалник.

Back to top button
Close