Бах: Политизирањето на спортот би било многу штетно
Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Томас Бах оцени денеска дека политизирањето на спортот би било многу штетно и порача оти будно ги следи земјите кои не го почитуваат тој принцип, притоа, директно алудирајќи на Русија.
Бах за време на посетата на Монтевидео, по повод одбележувањето на 100-годишнината од формирањето на Олимпискиот комитет на Уругвај, рече дека „има голема поддршка во меѓународната заедница за моќта на спортот да обединува“.
„Се надевам дека следната дебата околу Резолуцијата за олимписко примирје, која ќе се одржи во ноември во Обединетите нации, ќе ни донесе нов бран поддршка“, рече Бах и повика на почитување на олимпиското примирје, чија традиција датира од древните игри.
Бах истакна дека внимателно ги следи обидите на поедини земји да го „политизираат спортот и да ги заменат спортските натпреварувања, како што се олимписките игри, со спортски настани во организација на владите“.
„Тоа соопштение пристигна од Русија. Ние тоа, се разбира, будно го следиме. Уверени сме дека светот ќе сфати дека политизирањето на спортот би било многу штетно по општеството“, изјави првиот човек на олимпиското движење