Бахреин соопшти дека хотел во Манама е оштетен во ирански напад

Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти дека хотелот „Crowne Plaza“ во главниот град, Манама, бил цел на напад.
Ударот резултирал со материјална штета „но без загуба на животи“, се додава во соопштението.
Бахреин вчера соопшти дека ракетен напад бил насочен кон штабот на 5-тата флота на американската морнарица во островското кралство, а три згради беа оштетени во Манама.






