Балкоски: Преку нови преговори со Бугарија можеме да изгубиме 20 години како што изгубивме со Грција

Што ќе преговараат во ВМРО-ДПМНЕ? Завршени се преговорите во тој дел на каков начин да влеземе во ЕУ. Со францускиот предлог и потпишаниот Договор за добрососедство, прифативме на каков начин да се движиме по патот со поглавјата на ЕУ и сега кога треба да продолжиме. ВМРО сака да се врати назад и повторно да ги почнеме преговорите.

Сето ова што го кажуваат треба да се преиспита дали сакаат застој, вели пратеникот и член на ВМРО-Народна партија, Љупчо Балкоски во емисијата на „Слободен печат“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ сака нови преговори со Бугарија. Оценува дека може да се изгубат 20 години, „како што изгубивме со Грција“.

” Имаме пример со Грција какви беа преговорите и сега сакаме нешто да смениме, но знаеме дека сите преговори и целата промена не тече за Македонија, туку ќе биде многу потешко, додава Балкоски.

Пратеникот смета дека како држава треба да направиме нов концепт – „зошто други да не посакуваат да вадат македонски пасоши за да влезат во ЕУ“. Тоа треба да го имаме како стратегија, бара Балкоски.

Back to top button
Close