Банкарскиот гигант од Волстрит, Ситигруп го напушта рускиот пазар

FILED – 11 July 2008, Duesseldorf: The Citibank logo is seen outside a branch in Duesseldorf. Photo: Franz-Peter Tschauner/dpa

 

Банкарскиот гигант од Волстрит, Ситигруп денеска соопшти дека ќе ги затвори подружниците во Русија за работа со економијата и населението почнувајќи од овој квартал. Очекува тоа да го чини околу 170 милиони долари во наредните 18 месеци.

Американската банка, со најголемо присуство во Русија, најави уште во април 2021 година излез од работа со населението во Русија во рамки на широк план за напуштање некои прекуморски пазари. Планот за излез од Русија во март го прошири и на работа со економијата по руската инвазија на Украина, но, не успеа да најде купувач ниту за еден од наведените бизниси.

Затворањето ќе погоди околу 2.300 од 3.000 вработени во 15 филијали во Русија, соопшти банката. Ситигруп се приклучи на други големи играчи од Волстрит што исто така затворија или најавија планови за затворање претпријатија во Русија, поради санкции воведени против земјата од страна на западни држави.

Ситигруп откри дека нејзината изложеност кон Русија изнесувала 8,4 милијарди долари, заклучно со 30 јуни годинава.

Напуштањето на Русија ќе влијае врз депозитните сметки, инвестициите, кредитите и платежните картички на банката

Back to top button
Close