Банката на Америка казнета со повеќе од 1,2 милијарди долари поради кршење на прописите за спречување перење пари

Министерството за финансии на Соединетите Американски Држави соопшти дека „Банката на Америка“ (Bank of America – BofA) е казнета со повеќе од 1,2 милијарди долари поради кршење на законите за спречување перење пари и прописите за санкции, откако регулаторите утврдија дека банката со години не пријавувала навремено сомнителни трансакции вредни повеќе од пет милијарди долари.
Министерството за финансии соопшти дека БофА признала намерно кршење на прописите од Законот за банкарска тајна, како и пропуст навремено да ги пријави трансакциите кои биле означени како сомнителни, јави Си-Ен-Би-Си.
Министерството за финансии одделно објави и порамнување вредно 11,6 милиони долари поради кршење на прописите за санкции.
Казната е изречена откако регулаторите наведоа дека втората најголема банка во САД со години не ги решавала долготрајните проблеми во системот за спречување перење пари, ниту пак навремено ги пријавувала сомнителните финансиски трансакции.






