Барселона има 22 чисти мрежи во 2023 година – најмногу во најдобрите пет европски лиги

Во Топ 5 европските фудбалски лиги, Барселона води по бројот на чисти мрежи во 2023 година. Тимот предводен од тренерот Чави има 22 меча без примен гол во шпанското првенството.

На второ место е Интер (21), трето е Јувентус (20) – двете екипи настапуваат во италијанската Серија А.

Ница во француската Лига 1 и Реал Мадрид во шпанската Ла Лига со по 19 „суви“ мрежи ја комплетираат првата петка во петте (шпанско, италијанско, француско, англиско и германско) европски врвни првенства.

Back to top button
Close