Барти победи на сите натпревари против тенисерки од Топ 20 оваа сезона

Првиот светски рекет Ешли Барти во четвртфиналето на турнирот во Мадрид денес ја победи Петра Квитова (6:1, 3:6, 6:3) која е 12-та на светската ранг-листа.

Австралиската тенисерка ги доби сите 10 меча против најдобрите 20 во тековната сезона.

Таа исто така ја освои 15-тата победа по ред на црвена глина. Претходно загуби оваа година во Чарлстон на зелена глина.

Во полуфиналето, Барти ќе игра со Пола Бадоса, од која загуби во Чарлстон.

Back to top button
Close