Бас пред отворањето на СП: Интернетот е многу опасна алатка

Селекторот на репрезентацијата на Катар, Феликс Санчез Бас, реагираше на гласините за поткупување на фудбалерите на Еквадор пред денешниот меѓусебен дуел со кој ќе почне Светското фудбалско првенство 2022.

– Во моментов има многу дезинформации. Интернетот е корисна алатка, но и многу опасна, според мене. Долги години се подготвуваме и тренираме. Обединети сме, силни и сплотени, никој нема да може да ја дестабилизира ситуацијата со помош на критики. Значи не ни пречеше. Се разбира, не ни се допаѓа што луѓето ја критикуваат нашата земја. Но, гледајќи чисто од фудбалска гледна точка, подготовките за Светското првенство беа одлични, изјави Бас.

Катар и Еквадор денес од 17 часот ќе го отворат 22. фудбалски Мундијал кој ќе трае до 18 декември. Мундијалот во Катар е прв кој ќе се игра во зима.

Покрај Катар и Еквадор, во А-групата ќе се натпреваруваат и репрезентациите на Холандија и на Сенегал

Back to top button
Close