Баша: Бериша ја премина „црвената линија”, се обиде да ги доведе демократите до крвопролевање

 Прогласувањето на Бериша за персона „нон грата” првично беше „шок” за нас, но сега од ден на ден гледаме како тој манипулира, лаже, преминувајќи ја црвената линија на 8 јануари, обидувајќи се да ги доведе демократите до крвопролевање, рече лидерот на албанската опозициска, Демократска партија, Љуљзим Баша пред приврзаниците во Драч.

Тој уште со обвинување до историскиот лидер Бериша, нарекувајќи го него и приврзаниците малцинство, кое се бори за неговите лични интереси.

-Тие се малцинство затоа што не ги обединува ниту една друга мака, ниту една друга кауза, туку само маката на еден човек, кој вети дека нема да ја земе партијата заложник на неговите лични интереси, но го прави спротивното. Демократите од Драч, како насекаде, ја избраа иднината, ја избраа надежта затоа што само така можеме да им служиме на Албанија и на Албанците, ставајќи крај на транзицијата, ендемската корупција и поделбите, која има за цел да ја задржи оваа земја заложник на мал грст луѓе, рече Баша.

Посочи дека Демократската партија е силна и решена да отвори ново поглавје во политичкото претставување и култура и во сојуз со граѓаните ќе донесе подобра иднина за сите.

Демократите ја преживуваат најдлабоката криза во партијата, откако во септември Баша го исклучи од пратеничката група Бериша, по барање на американската амбасадорка. Потоа следуваше исклучување на Бериша и негови приврзаници од сите партиски структури, вклучително и шест пратеници, со образложение дека „нема место за лица кои се закана за прозападната ориентација на Албанија” а Бериша на референдум свикан од него го разреши Баша од лидерката функција.

На осми јануари приврзаниците на Бериша предводени од него се обидоа насилно да го заземат седиштето на партијата, при што предизвикаа голема материјална штета а мораше да интервенира и полицијата со солзавец и водени топови.

Бериша, неговата сопруга, синот и ќерката, за непожелни САД ги прогласи во мај годинава, заради вклученост во корупција

Back to top button
Close