BBC: Снимен руски конвој долг над 20 километри

Руски конвој долг повеќе од 20 километри е снимен со сателит, јавија американски медиуми.

„Драматични сателитски снимки објавени синоќа од Максар Технолоџис (Maxar Technologies) покажуваат огромна колона руски воени возила како се движи по патиштата северозападно од Киев“, јави BBC.

Според американските медиуми, забележани се и нови руски сили во Белорусија, долж границата со Украина, како и напаѓачки хеликоптери кои исто така биле снимени во областа.

Акумулацијата на сили во Белорусија повторно укажува на истото – голем напад врз Киев, сметаат аналитичарите.

Во текот на ноќта имаше големи битки и во други делови на Украина.

Некои медиуми информираат дека 70 украински војници загинале во напад на воената база на половина пат меѓу Киев и Харков.

Back to top button
Close