Беџет Пацоли: Новинарот убиен во Украина беше пријател на ОВК

Поранешниот косовски претседател Беџет Пацоли денеска на социјалните мрежи напиша дека американскиот новинар Брент Рено, кој вчера загина во Украина, „многу го сакал Косово“.

Пацоли вели дека Рено, кој беше убиен вчера кога руски сили отворија оган врз автомобилот во кој се возел тој во украинскиот град Ирпин, бил „пријател“ на Ослободителната војска на Косово (ОВК).

„Најискрено сочувство до семејството на Брент Рено и неговите колеги. Брент работеше во Косово и многу ја сакаше оваа земја. Тој себеси се нарекуваше „пријател на ОВК“ и беше пријател на слободно Косово. Почивај во мир“, напиша косовскиот политичар на Твитер, објавувајќи фотографија од Рено во времето кога известувал од Косово.

Back to top button
Close