Бектеши: Ако треба ќе му се јавам на Мицкоски за понудите за набавка на енергенси!

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска од собраниска говорница го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски јавно да ги соопшти контактите за набавка на поевтини енергенси и да каже за кои компании се работи, за какви понуди и по кои цени или ако не сака тоа да го стори, да ги достави до Министертсвото за економија.

Бектеши рече дека е подготвен и директно да разговара со Мицкоски, лично да го побара. Воедно апелира, ако Мицкоски не сака да ги објави контактите, тогаш, да ги достави во понеделник до Министерството за економија, а Бектеши потоа лично, како што рече, ќе ги објави и ќе ги однесе во АД ЕСМ.

-Јас ќе преземам одговорност и ќе му се јавам на Мицкоски. Ќе ги објавам контактите и ќе ги доставам до ЕСМ. Сметам дека целата јавност треба да знае и да биде информирана. Се треба да биде транспарентно. Во понеделник сум тука, нека ми ги достави Мицкоски контактите, а јас јавно ако треба ќе го однесам во ЕСМ, да видиме од кои извори доаѓаат. Време на кризна состојба е, има некои работи кои државата не може да ги направи, членка сме на НАТО, рече Бектеши.

Според него, никој не кажал дека нешто не се прифаќа.

-Ние ги прифаќаме најдобрите понуди за набавка на енергенси за да имаме пониски цени. Зборувате за контакти. Објавете ги, јас лично ако треба ќе му се јавам на Мицкоски. Ако не сака да ги објави, нека ги достави до мене, јас ќе ги објавам. И вчера кажав, ние сме подготвени да разговараме со секого, вклучително и со Мицкоски за да ја надминеме кризата што полесно, со сите компании, државни или локални. Би апелирал, јавноста и медиумите транспартентно да бидат известени, контактите на ВМРО-ДПМНЕ или понудите треба да се обзнанат, да се знае од каде доаѓаат, каква цена имаат. Потсетувам дека ЕСМ има законска обврска да ја избере најевтината понуда. Христијан Мицкоски јавно да ги соопшти контактите за набавка на поевтини енергенси и да каже кои се тие компании, какви се понудите и цените, истакна Бектеши

Back to top button
Close