Бела куќа: Завршија средбите меѓу Бајден и Путин

Претседателите на САД и Русија Џо Бајден и Владимир Путин ги завршија состаноците во Женева, соопшти Белата куќа.Двајцата лидери денеска беа на состаноци околу четири часа, прво во потесен состав, а подоцна и во поширок, со вклучување на дополнителни претставници од обете страни, што траеше околу 65 минути.

Путин и Бајден ќе одржат одделни прес-конференции. Во тек е прес конференцијата на Путин, кој ги оцени разговорите како конструктивни.

Back to top button
Close