Белата куќа: Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор

Никогаш не сме биле поблиску до мировен договор отколку што сме во овој момент, изјави портпаролката на Белата Куќа, Керолин Левит за време на брифинг со новинарите.

-Претседателот е решен да го оствари тоа, додаде таа.

Запрашана дали американскиот претседател Доналд Трамп ќе размисли за воведување санкции кон Русија доколку неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин утре не помине добро, Левит одговори: „тоа е нешто што претседателот го изнесе и тој секако е подготвен да го направи доколку е потребно“.

Таа одби да одговори на прашањето дали Трамп и Путин ќе разговараат за иднината на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Back to top button
Close