Белата куќа забрани кинески авиопревозници да сообраќаат во САД

– Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп соопшти денеска дека ќе им забрани на кинеските патнички авиопревозници да летаат кон САД, почнувајќи од 16 јуни

На тој начин, Министерството за транспорт на САД ја казнува Кина, откако Пекинг не го почитуваше постојниот договор за летови меѓу двете најголеми светски економии.

Односите меѓу двете земји, исто така, се нарушени во последните неколку месеци, како резултат на ескалацијата на тензиите во врска со пандемијата на коронавирус.

Back to top button
Close