Белгиските фудбалери се вакцинираат пред Еуро

– Белгиските фудбалски репрезентативци, кои ќе настапат на претстојното Европско првенство, ќе примат вакцина против коронавирус, соопшти денеска белгиската Влада.

-Тоа е многу важно во врска со улогата што сакаме да ја играме на Еуро 2020. Ние сме исклучително благодарни на сите, кои тоа ни го овозможија, порача преку соопштение Фудбалската федерација на Белгија.

Локалните медиуми објавија дека белгиските репрезентативци ќе ја примат вакцината на производителот „Џонсон и Џонсон“.

Најдобро рангираната репрезентација на ФИФА листата и еден од главните фаворити за титулата на претстојното Еуро, закажано од 11 јуни до 11 јули, е во групата Б заедно со Русија, Данска и Финска.

Back to top button
Close