Белградско ВЈО: Идентификувани напаѓачите на студенти на ФДУ
Вишото јавно обвинителство Белград соопшти дека во предметот поднесен по кривична пријава од деканот на Факултетот за драмски уметности, лица осомничени за сторено кривично дело насилничко однесување на јавен собир или спортски настан на 22.11.2024 година, пред тој факултет се идентификувани.
Како осомничени за извршување на ова кривично дело обвинителството ги идентификуваше А.Ј., Д.К., М.К. и М.А.
Јавното обвинителство во Белград ќе ги повика осомничените на рочишта, што се планирани да се одржат на 9 и 10 јануари 2025 година, посочија оттаму.
„Оштетените во овој случај ќе бидат повикани да дадат исказ во обвинителството на 30 и 31 јануари 2025 година“, јавија белградските медиуми.
„Покрај наведеното, обвинителството презема и други дејствија од негова надлежност за проверка на наводите од кривичната пријава поднесена на 02.12.2024 година до Третото основно јавно обвинителство во Белград од страна на деканот на ФДУ против непознати лица, а која беше преземена од ВЈП во Белград на 12 декември“, се вели во соопштението.
Непознати лица нападнаа студенти, вработени и новинари кои во 11.52 часот се собрале пред факултетот за да им оддадат почит на загинатите во уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември 2024 година.
Медиумите во Србија потсетуваат студентите на ФДУ претходно ги именуваа своите напаѓачи и бараа веднаш да бидат казнети лицата кои ги нападнаа: Милија Колџиќ, Александар Јокиќ, Душан Костиќ, Милена Алексиќ и Иван Станишиќ, за кои благодарение на социјалните мрежи беа брзо дозна дека сите се членови на СНС.