Белингем се враќа на теренот

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Џуд Белингем, ќе биде подготвен за натпреварот против Реал Сосиедад во рамки на 5. коло од Ла Лига, објави денеска весникот АС.
Белингем се повреди за време на тренинг минатиот месец кога го истегна мускулот на десната нога.
Според информациите, англискиот репрезентативец успешно закрепнува и не е исклучено да се најде во составот на Реал Мадрид за пресметката против Сосиедад.
Натпреварот на програмата е на 14 септември.

Back to top button
Close