Белорусија со предупредување до Украина: Крајно остро ќе реагираме
Белорусија денеска ја предупреди Украина дека остро ќе одговори во случај повторно да биде нарушена нејзината граница.
– Доколку повторно биде нарушена државната граница, белоруските граничари ќе реагираат крајно остро, изјави претставникот на граничниот одред, Сергеј Павлов.
Државниот пограничен комитет на Белорусија вчера соопшти дека украинските пилоти кои управувале со хеликоптерот Ми-8 ја нарушиле белоруската граница за време на воени вежби.
Официјален Киев демантираа дека имало нарушување на границата на Белорусија.
Военото аташе во Амбасадата на Украина во Минск беше повикан во белоруското Министерство за одбрана при што му беше врачена протестна нота