Берлин вети дека ќе помогне да се компензира замрзнувањето на американската помош за Украина

Германија, која е ангажирана во големо зголемување на своите инвестиции во одбраната, е подготвена делумно да компензира за прекинот на американската воена помош за Украина, изјави денеска германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

– Важна тема на нашите разговори денеска и во наредните недели ќе биде компензацијата за прекинот на американската помош, рече Писториус на заедничката прес-конференција со неговиот украински колега Рустем Умеров.

Писториус додаде дека Германија ќе се обиде да го компензира прекинот на помошта со нова помош, барем еден и тоа голем дел.

Германија е вториот најголем снабдувач на Киев со воена опрема по САД, вклучувајќи противвоздушни системи, муниција и борбени тенкови.

Германија, исто така, прими повеќе од еден милион украински бегалци од почетокот на руската инвазија пред повеќе од три години.

Вашингтон во понеделникот ја замрзна воената помош и покрај повеќекратните гестови на смирување од Украина по вербалниот судир со Володимир Зеленски во петокот во Белата куќа, каде Доналд Трамп се закани дека ќе го „напушти“

Back to top button
Close