Берлускони и оставил 100 милиони евра на Марта Фашина: Децата му забраниле да се ожени со неа, тој и го обезбедил животот со тестамент и со неа ги поминал последните години 

Тестаментот на Силвио Берлускони (86), кој почина минатиот месец, беше прочитан пред неколку дена, а документот беше опишан како „сапуница“ поради неговите неочекувани одредби. Според тој тестамент, Берлускони му оставил 30 милиони евра на Марсело Дел Утри кој е поврзан со мафијата, додека неговиот брат Паоло добил 100 милиони евра.

Управувањето со деловното царство на Силвио Берускони, кое се проценува на неколку милијарди долари и вклучува бизниси поврзани со банкарство, издаваштво и медиуми, им е доверено на неговите најстари деца, ќерката и синот.

Парите кои отидоа кај Марта, Марсело и Паоло се објаснети со порака на Берлускони во која пишува „за љубовта што ја имав кон нив и љубовта што тие ја имаа кон мене“, пишува Дејли Мејл.

Во март 2022 година, Берлускони симболично се ожени со Марта Фашина (33) – тоа беше симболичен чин во чест на нивната врска, но не и вистинска свадба, која неговите деца ја забранија, како што беше напишано во тоа време. „Неговите наследници не и даваат на Марта ниту цент од богатството на нивниот татко вредно пет милијарди долари. Таа била многу лута што немало вистинска свадба, но затоа носеше венчаница на Антонио Рива од француска чипка. Цената на тој фустан беше 20.000 евра додека Берлускони носеше костум од Армани“. Сепак, на погребот на Берлускони во Милано, неговите деца беа со Марта.

Марта Фашина е италијанска политичарка и членка на партијата Форца Италија основана од Берлускони. Се очекува таа да има важна улога во трансформацијата на оваа партија. Од 2018 година е во Претставничкиот дом на Италија, пишува thestatesman.co. Таа е и член на Комисијата за надворешни работи и на Парламентарното собрание на НАТО.

Родена е во Калабрија, мало приморско гратче на јужниот дел на италијанскиот полуостров. Студирала на Универзитетот Сапиенца во Рим, каде што дипломирала литература во 2018 година. Студирала и политички науки. Две години подоцна, таа започнала врска со Берлускони, кому му праќала бројни љубовни писма, а потоа на своето тело ги истетовирала неговите иницијали.

Пред да се занимава со политика, била модел и учествувала на натпревари за убавина, освојувајќи неколку „круни“. Нејзиниот татко е адвокат, тој работел како градоначалник на италијанскиот град Кастелветрано, а мајка и е учителка.

Back to top button
Close