Беровчани се организираат за помош на семејството кое остана без кров над глава по вчерашното невреме

Граѓаните на Берово почнаа да се организираат за помош на семејството кое остана без кров над глава по невремето, кое вчера попладнето го зафати градот. Најпогодено од невремето е семејството Демјански за кое веќе е во тек хуманитарна акција преку донирање средства на сметката 200003368429849 – Стопанска банка на име Кристијан Демјански.

– Се надеваме на брзо собирање на средства за ова семејство кое е најпогодено од силниот ветар кој го сруши целиот кров во нивниот дом, а ,,кутна” на земја и неколку стари дрвја, при што оштетени беа неколку возила, велат жителите.

Билјана Каламадевска од Општина Берово истакна дека екипи од ТППЕ Берово, комуналното претпријатие и други служби веднаш по невремето излегоа на терен заедно со градоначалникот и работеа на санирање на состојбата.

– Благодарение на брзата интервенција на комуналните служби и територијалната протвпожарна единица, руината која настана од поројниот дожд и ветер во Берово, е брзовремено расчистена. Општина Берово упатува голема благодарност, до сите, кои се вклучија во расчистувањето на теренот и дадоа свој придонес во брзто враќање на сообраќајот во центарот на Берово во нормала, рече Каламадевска.

Освен во Берово, вчера невреме со пороен дожд и врнежи од град го зафати и Пијанечкиот регион при што поплави неколку улици во Делчевско.

Back to top button
Close