САД потврдија дека севернокорејски војници се испратени во Русија


Откако Јужна Кореја и Украина предупредија дека контингент од севернокорејски војници е испратен во Русија да се бори од страната на Москква во боиштата на источна Украина, ова го потврди и американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

-Има докази за присуство на војници од ДНРК во Русија, изјави денеска министерот во Рим, користејќи ја кратенката за официјалното име на Северна Кореја, Демократска Народна Република Кореја.

-Останува да се види што точно прават таму, рече Остин, додавајќи: „Се обидуваме да добиеме повеќе јасност за тоа.“ Тој ја оквалификува како „сериозно прашање“ можната намера на Северна Кореја да учествува во војната на страната на Русија.

Неговите коментари доаѓаат откако Јужна Кореја и Украина изминативе денови ја алармираа меѓунардната заедница, споделувајќи разузнавачки информации и сателитски снимки како доказ, и изразувајќи незадоволство од, според нив, недостатокот на итност во реакциите од страна на САД и другите западни земји.

Јужна Кореја неделава го повика рускиот амбасадор на разговори во кои побара повлекување на севернокорејските војници и запирање на „поврзаната со тоа соработка.“ Сојузникот на САД, кој досега обезбедуваше само несмртоносна помош за Украина, сега изјави дека разгледува можност за обезбедување на одбранбено оружје, па дури и офанзивно, како одговор на ситуацијата.

Заменик-портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател, синоќа изјави дека севернокорекси војници ангажирани во војната на Русија би било опасен и многу загрижувачки развој,“ на настаните и дека САД се консултираат со своите сојузници и партнери „за импликациите од таков драматичен потег.“

Остин не ги спомна овие извештаи за време на неговата посета на Киев во понеделникот, каде се сретна со претседателот Володомир Зеленски и објави нова воена помош на САД за Украина вредна 400 милиони долари.

САД и други држави тврдат дека Пјонгјанг веќе ја снабдува Москва со итно потребната муниција, вклучувајќи милиони артилериски гранати, во замена за клучна воена технологија која би можела да го зајакне нуклеарниот и балистичкиот ракетен потенцијал на Ким. И Русија и Северна Кореја ги негираат тврдењата за каков било трансфер на оружје.

Аналитичарите сметаат дека извештаите за ова укажуваат дека војната во Украина веќе ескалира, и дека западните сојузници најверојатно подготвуваат одговор на оваа ескалација.

Back to top button
Close