Тетовец ја натепал негувателката на неговата болна мајка, ќе одговара кривично

25-годишник од тетовско ќе одговара кривично поради физички напад врз негувателката на неговата болна мајка.

 

Како што се наведува во полицискиот билтен, СВР Тетово поднело кривична пријава против Г.Ј.(25) од село Урвич, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

На 14.06.2026 во семејниот дом, пријавениот физички нападнал 50-годишна жена од Косово, која била била негувателка на неговата болна мајка.

Back to top button
Close