(ВИДЕО) Сведоштво на медицинска сестра по верижниот судир во Бугарија: Луѓето врескаа, згмечени под камион за влечење возила!

Медицинската сестра Теодора Кирилова од болница во Бургас била меѓу првите што пристигнале на местото на тешката несреќа на автопатот „Тракија“ во Бугарија, рано утринава, каде што во верижен судир со учество на повеќе од 80 возила загинаа 12, а 50 лица беа повредени.

Благодарение на среќни околности, Кирилова поминала без повреди и прва им притрчала на помош на преживеаните.

Таа утринава за весникот „Труд“ ги опиша драматичните сцени од верижниот судир, наведувајќи дека луѓето врескале, пригмечени под камион за влечење возила, а телата на жртвите лежеле во јарок покрај патот и во смачкани возила.

Според неа, ситуацијата на терен била исклучително тешка, а меѓу повредените имало постари лица кои биле на организирана екскурзија, како и деца.

Млад лекар-инфектолог од детската болница „Света Анастасија“ во Бургас се здобил со тешки повреди во хаосот.

 

Шестмина од повредените се веќе примени на лекување во болницата „Срце и мозок“, а двајца се во критична состојба на одделот за интензивна нега, со тешки комбинирани повреди.

Раководителот на Клиниката за ортопедија и трауматологија, проф. д-р Асен Балтов, кој бил на местото на несреќата, ја опиша потресната глетка на автопатот со зборовите:

– Досега во мојата кариера, никогаш не сум се сретнал со ваков случај.

Тој исто така истакна дека маглата во тој дел била исклучително густа, што дополнително ја усложнила ситуацијата. Раководителот на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување, д-р Валентин Милев, изнесе детали за состојбата на пациентите

Back to top button
Close