(ВИДЕО) Ходаи го покани Мицкоски на дебата среде чаршија
Бленди Ходаи повторно му се обрати на премиерот Христијан Мицкоски, откако тој изјави дека е непристојно да се навредуваат професорите, во контекст на претходната критика на Ходаи за студентски оброк.
Во својата реакција, Ходаи иронично го праша Мицкоски дали треба да му се обраќа како на премиер или како на професор, посочувајќи дека кога го критикуваат за неговата работа како премиер, тој се повикува на професорската титула.
„Како професор, Вие знаете многу добро дека вистината никогаш не може да биде навреда“, порача Ходаи, додавајќи дека навреда е омаловажувањето на студентите и неисплаќањето на средствата што им следуваат за субвенциониран студентски оброк.
Тој упати и критика за начинот на кој Мицкоски станал професор на универзитет, а наместо јавна полемика преку медиумите, го покани на дебата сред чаршија.
На крајот, Ходаи порача дека премиерот може самиот да избере дали на дебатата ќе настапи како премиер или како професор.






