Силјановска-Давкова ставила вето на мандатот на членовите на тендерските комисии, но не и на факторот „најниска цена“ – власта утре може повторно да ги изгласа спорните измени


Измените во Законот за јавни набавки со кои се отстранува критериумот „најниска цена“ утре повторно ќе се најдат пред пратениците откако владејачкото мнозинство со амандман го избриша единствениот член на кој претседателката Гордана Силјановска-Давкова ставила вето.

Законот ќе се разгледува во трето читање откако претседателката на 26 октомври 2026 година не го потпиша указот за неговото прогласување. Со амандманот поднесен од владејачкото мнозинство е избришан членот 13, кој се однесуваше на мандатот на членовите на комисиите за јавни набавки и беше причина за ветото. Така, според доставениот текст, останува отворена можноста за усвојување на останатите спорни измени.

— реклама —

Со предложените измени се отстранува условот „најниска цена“, а се враќа критериумот „квалитет на услугата или производот“. Критичарите на ваквото решение предупредуваат дека со тоа повторно се отвора простор за субјективно одлучување при доделувањето тендери, што може да биде на штета на државниот и општинските буџети.

— реклама —

LANDOV Стефан Николовски: Тања Кочовска е непобедлива во роуст – „што и да кажеш, те сече“
Претседателката Силјановска-Давкова, пак, реагираше на одредбата со која се предвидуваше членовите на комисиите за јавни набавки да имаат право на повторно именување без ограничување на бројот на мандати. Досегашното решение предвидуваше петгодишен мандат со можност за уште еден избор, односно најмногу десет години членство.

За предлог-законот биле поднесени вкупно 2.158 амандмани, но со бришењето на членот 13 од страна на владејачкото мнозинство, според текстот, отпаднале и амандманите на опозицијата. Во третото читање веќе не може да се поднесуваат нови амандмани, па се отвора патот за гласање на законските измени.

Back to top button
Close