Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата


Денес, преку група студенти претставувани од Генералниот секретар на Црвена Младина Марија Ванчева, поднесовме тужба до Управниот суд и претставка до Народниот правобранител поради непостапувањето на Министерството за образование во врска со законската обврска за усогласување на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата, велат од Левица.

„Претходно, студентите поднесоа формален приговор до МОН, барајќи исплата на законски усогласениот износ и надоместување на финансиската штета предизвикана од тригодишното непочитување на законот. Избегнувајќи ја суштината на барањето, Министерството достави допис во кој известува дека започнало разговори со претставници на студентските собранија. Наместо да ја исполни законската обврска, Весна Јаневска повторно ја префрли одговорноста на состаноци и разговори, без да донесе конкретна одлука за кршењето на правата на студентите.

Левица со месеци предупредува дека студентите се оштетени за околу 6,5 милиони евра поради тоа што оброкот е замрзнат на 140 денари, иако законот предвидува негово усогласување со инфлацијата. Поднесовме и Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за субвенциониран студентски оброк, со кој предложивме износот да се утврдува во висина од 1% од минималната плата, правото да важи за сите студенти, како и отстранување на ограничувањата и дискриминаторските критериуми во постојниот систем.

Back to top button
Close