Трамп изрази сомнеж во изборните резултати откако го призна поразот


Американскиот претседател Доналд Трамп изрази сомнеж во интегритетот на минатонеделните избори за Конгресот, речиси една недела откако го призна поразот на неговата Републиканска партија и им честиташе на демократите.

„Дали некој навистина верува дека овие ’Избори‘ беа чесни. Како можеа анкетите да бидат толку погрешни???“, напиша тој денеска на својата платформа „Трут соушл“.

Трамп исто така сугерираше дека гласачките машини влијаеле врз резултатот.

„Сè е до машините, кои се далеку поважни од гласачот!“, напиша тој.

Во изборната ноќ, Трамп им честиташе на демократите за повторното освојување на контролата врз двата дома на Конгресот, и за „Њујорк Тајмс“ изјави дека е „апсолутно подготвен“ да ги прифати резултатите и дека е подготвен да соработува со демократите во Конгресот.

Back to top button
Close