Водата во Скопје е безбедна за пиење


Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажале најновите извештаи на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што попладнево соопштија од претпријатието, денеска од страна на секторот Санитарна контрола при ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, земени биле 44 примероци од водоводната мрежа на град Скопје, од кои еден примерок од бунарскиот потег Нерези.

– Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци од водоснабдителниот систем на град Скопје одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење – се додава во соопштението.

Back to top button
Close