Беса ќе настапува самостојно во Собранието, договорот за коалиција со СДСМ не се растура

 

Од денеска, движењто Беса во Собранието ќе настапува самостојно. Ваквата одлука е со знаење на коалицискиот партнер СДСМ, вели пратеникот од Фадиљ Зендели од Беса за Слободен печат.

– Остануваме дел од мнозинството. Ваквиот чекор на движењето Беса е во договор со СДСМ. Во Собранието организациски ќе дејствуваме како посебна група на пратеници на Беса. Нема никакви пролеми со коалицискиот партнер. Ќе ги поддржуваме сите закони. Ова го направивме поради подобро препознавање надвор од Коалицијата „Можеме“, рече Зендели за Слободен печат.

Движењето Беса во Собранието има 4 пратеници, Бастри Бајрамки, Биљал Касами, Кастриот Реџепи и Фадиљ Зендели.

 

Back to top button
Close