Бесими: Подготвуваме мерки како да се ублажи поскапувањето

Министерот за финансии Фатмир Бесими, во врска со зголемувањето на цените на нафтата, струјата, но и на основните производи истакна во ексклузивно интервју за indeks.mk дека растот на цените на европските берзи влијае и на цените во земјава.

Тој рече дека растот на цените на европските берзи влијае и на цените во Република Северна Македонија.

-На ист начин ни се пренесуваат и цените кои растат на европските берзи. Сите извори на енергија, нафтени деривати, електрична енергија, природен гас итн. До сега имаше поскапување на цените, ама не 10 или 20 проценти. Ова сега за мене е алармантно со она што се случува на енергетскиот пазар и во таа насока денеска има средба во Владата со претставници, не само на економските ресори, туку и со надворешни експерти, на која разговаравме за ситуацијата и подготвуваме мерки кои во наредните денови Владата ќе ги презентира, како да се влијае, балансира и амортизира поскапувањето на основните производи но и на енергенсите”, изјави Бесими за indeks.mk.

Back to top button
Close