Беснее пожарот во Шенѓин, туристите во паника го напуштаат местото

Апокалптична е ситуацијата во Шенѓин, каде пламените јазици не се смируваат, туку поради високите температури и силниот ветер се повеќе се распламтуваат, со проширување на површините под оган.

Досега изгореа кафеана и куќа на три ката, за среќа нема настрадани, но пламените јазици се повеќе се доближуваат до центарот на Шенѓин.
Евакуацијата на дел од туристите и жителите, почнал од синоќа на полноќ, а попладнево масовно го напуштат градот туристите. Поголемиот дел од градот е без електрична енергија.

-Долги редици автомобили, главно со странски туристи, се формираа попладнево во Шенѓин, кои во паника бегаат во обид да се спасат од апокалиптичната состојба со пожарите. Повеќе од 4 дена пожарите на планинскиот предел над Шенѓин продолжуваат да пустошат големи површини борова шуми и грмушки, додека денеска пламените јазици се доближија до хотелите и одморалиштата полни со туристи, наведуваат медиумите.
Стотици пожарникари од Лежа, Шенѓин и околните градови, потпомогнати од вооружените сили, полицијата, граѓани, работат на ставање под контрола на пожарите. Во гаснењето вклучени беа два авиона „Канадер“ од Италија, како и по еден армиски и полициски хеликоптер, но ниту интервенцијата од воздух не помогна да се стабилизира состојбата.

Back to top button
Close