Безос денеска се додава на „клубот на астронаути“

– Џеф Безос, најбогатиот човек на светот, денеска ќе му се приклучи на „клубот на астронаути“, со првиот свој лет преку неговата компанија „Блу ориџин“.

„Њу Шепард“ ќе биде лансиран во 13:30 часот по македонско време, денеска од космодромот „Лонч сајт уан“, во западен Тексас. Пустинското место на полетувањето е на околу 40 километри од најблискиот град Ван Хорн.

Настанот ќе се пренесува во живо на интернет-страната на „Блу ориџин“.

Само две недели претходно, еден друг милијардер – основачот на „Вирџин Галактик“, Ричард Бренсон го имаше своето „огнено крштевање“ во вселената. Сепак, целите на „Блу ориџин“ се поамбициозни – во однос на височината до која ќе се издигне леталото „Њу Шепард“ на Безос, но и во однос на иднината и плановите.

Back to top button
Close