Би-Би-Си: Хамас нуди да ослободи некои заложници во замена за прекин на огнот

Хамас понудил да ослободи некои од заложниците во замена за итен прекин на огнот за време на разговорите за ослободување на многу од околу 203 заложници кои се држат во Газа, јави Би-Би-Си.

Израел досега не се согласил на ова.

Според британскиот медиуми, Хамас не ги држи сите заложници. Некои се задржани од други вооружени милитантни групи.

Тоа што се уште се заробени во Газа, ја компликува ситуацијата на израелските команданти кои планираат упад на територијата. Очигледно, заложниците имаат многу поголеми шанси да излезат живи ако тоа може да се направи со преговори, коментира Би-Би-Си.

Back to top button
Close