БиХ се усогласи со првиот пакет ЕУ-санкции за Русија

Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борел, потврди дека и Босна и Херцеговина ја почитувала одлуката за воведување санкции против Русија, пренесе Радио Слободна Европа.

Декларацијата објавена од Борел потврдува дека, покрај БиХ, на одлуката ќе се приклучат и земјите кандидати, како Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, како и земјите од ЕФТА, вклучувајќи ги Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, кои се членки на Европската економска зона.

Back to top button
Close