Билјана Каракашова Шулев впишана како нова заменик-претседателка на ДКСК во Централниот регистар
Билјана Каракашова Шулев е новата заменик-претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), дознава 4NEWS.mk од свои извори.
Иако изборот бил направен уште на 3 март 2025 година, уписот во Централниот регистар е извршен дури денеска. Каракашова Шулев е активен член на комисијата, а со оваа одлука официјално ја презема функцијата заменик-претседателка откако беше уапсена претседателката
Изборот доаѓа во чувствителен момент за институцијата, бидејќи претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска, е под судски мерки на претпазливост и дополнително под истрага на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Од страна на Обвинителството ѝ е изречена мерка за времено оддалечување од работното место, што значи дека Димитровска не смее да има контакт со предмети, пошта и друга документација поврзана со работењето на Комисијата. Воедно, ѝ е забрането да гласа и да врши распределба на предмети додека трае истрагата.