Бил ватерполист и пејач, па влегол во секта таткото на бебињата закопани во двор кај Вараждин
Во општина Љубешчица (Вараждин) вчера во дворот на семејна куќа се пронајдени закопани тела на две бебиња, потврдија од вараждинската полиција и додаваат дека против двете лица водат кривична истрага во соработка со Жупаниското државно обвинителство.
Како што дознаваат хрватските медиуми од мештаните, мајката на загинатите деца се вика Рута, а нејзините родители првпат се преселиле овде пред околу 8 години.
После тоа, Рута и нејзиниот невенчан сопруг дошле во селото и се оддалечиле околу два километри. Нивната куќа е последна во селото, а патот до неа е макадам.
Има капела на околу 150 метри од нивната куќа, а сè е опкружено со шума.
– Познато е дека невенчаниот сопруг шета низ селото во долга црна наметка, а носи и долга брада. Не сме ја виделе неа. Еднаш дојде во нашиот каменолом така облечен, но не разговараше со никого, остана малку и си замина. Според моите сознанија, никој од нив не е вработен, а родителите на нивната мајка, колку што знам, се учители во вараждинските училишта – изјави локален жител..
Тој додава дека жената ретко излегувала од дома и дека последен пат ја видел минатото лето.
„Беше бремена“ – вели соседот.
Се уште нема официјални информации за родителите.
Според сведоштвата на неколку соседи кои го познаваат, тој до пред неколку години активно се занимавал со ватерполо, а е и успешен пејач во релативно познат сплитски бенд.
Како што пренесуваат медиумите, сплиќанецот пред неколку години целосно се „свртел“ со тоа што станал член на верска секта.
Таму ја запознал и својата партнерка и се оженил со неа, според обредот пропишан од сектата на која припаѓаат.
Целосно се отуѓил од сите општествени и правни норми, убедувајќи се дека не му треба никаква држава и никакви правила.