Бислимовски- Верувам дека ќе има значително намалување на цената на струјата кај малите потрошувачи

Ќе испратиме јасен сигнал до потрошувачите кои штедат, дека ќе имаат намалени трошоци на електрична енергија, истакнува за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски по состанокот на 53-от Борд на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина.

На состанокот со кој како претседател заседаваше првиот човек на РКЕ, биле разгледани мерките во енергетскиот сектор кои се преземаат од сите земји членки на Енергетската заедница за да се обезбеди сигурно, стабилно и непречено снабдување со електрична енергија и природен гас.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Бислимоски ги пренесува заклучоците од дискусијата, но говори и за одлуката што на национално ниво треба да се донесе следната седмица за цената на електричната енергија во првите шест месеци од 2023 година, повторувајќи го неговиот став дека тој лично е противник на зголемувањето на цената на електричната енергија.

-Верувам дека со нашите одлуки кои најверојатно ќе бидат донесени во средината на следната седмица ќе обрнеме најмногу внимание на малите потрошувачи кои што, да, имаа зголемени трошоци во првите шест месеци од оваа година и гледаме дека тоа им претставува најголем проблем, тоа се компании кои вработуваат најголем дел од населението во државата и сакаме кај нив да ја релаксираме ситуацијата од аспект на трошоци за електрична еергија и најверојатно ќе имаме таму значително намалување на цената на електричната енергија. Исто така и кај домаќинствата не очекувам да има некои сериозни промени, бидејќи на домаќинствата, веќе им е неколку пати зголемена цената на електричната енергија и фер е сега, како што помагаше државата досега со содветни субвенции истото е најавено и за следната година и домаќинствата да бидат малку во порелаксирана ситуација од аспект на цена на електрична енергија,  вели Бислимоски за МИА.

Back to top button
Close