Битиќи-Мојот интерес е партијата СДСМ,небитна е функцијата,

На гостувањето во тема на денот вечерва на тв Сител дали е поблиску да ја прифати понудата од Филипче да биде потпредседател на партијата или да седне на масата на таканаречената Платформа „Разговори за иднината “ која ја предводи Игор Ивановски со група бивши партиски функционери од СДСМ кои бараат оставка на актуелниот лидер Филипче, Битиќи беше дециден дека негов интерес е само партијата а не платформи. Да јас и сношти за 360 реков размислувам за понудата од Филипче и немам дилема дека размислувам за групата „Разговори за иднината“. Јас сум пратеник на СДСМ, социјалдемократ сум, бев потпредседател пред изборите во 2024 и сношти реков размислувам за понудата потпредседател а сум и останувам социјал демократ.
Убеден сум дека и на СДСМ и на луѓето околу платформата целта им е да им се спротивстават на власта односно на ВМРО ДПМНЕ и потребно е заеднички да ја водиме таа борба. Прашан дали би бил медијатар меѓу актуелното раководство и платформашите за нивно помирувае Битиќи одговори дека тој е и останува да биде дел од СДСМ без разлика ке биде или не потпредседател оти тоа му е небитно а за друга масла не рразмислувал и тогаш кога го поканиле но искажа задоволство ако спротивставените страни во партијата седнат на една маса и ги надминат разликите за доброто и на партијата и на државата






