Блинкен: Доколку и еден руски војник ја премине украинската граница, ќе го сметаме за напад

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја предупреди Русија дека САД ќе го сметаат за напад и тоа ако барем еден руски војник ја премине украинската граница.

Блинкен денеска се среќава со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Доколку макар и еден руски војник ја премине границата во Украина, тогаш ќе се занимаваме со сериозен проблем“, рече Блинкен во интервју за германската телевизија ЗДФ по средбата со канцеларот Олаф Шолц.

Како што нагласи, тоа би бил многу јасен напад врз Украина, без разлика дали се работи за еден или 1.000 војници.

Според него, постои голем ризик, не само во Украина, бидејќи руски војници биле испраќани и во Белорусија.

Блинкен и Лавров ќе се сретнат денеска во Женева, а американскиот функционер истакна дека нема големи очекувања од тие разговори.

Back to top button
Close