Блинкен и Борел разговараа за безбедносните предизвици

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен разговараше со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел за актуелните безбедносни прашања.

„Секретарот Блинкен ја потврди својата посветеност за зајакнување на соработката меѓу САД и ЕУ и укажа на заедничките предизвици, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Блинкен ја нагласил важноста од координирана акција со цел „да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“ и повтори дека „секоја натамошна руска агресија против Украина ќе резултира со остра реакција“.

Двајцата функционери разговарале и за, како што се наведува, „загрижувачкиот политички притисок и економската принуда што НР Кина ги врши врз Литванија“

Back to top button
Close